Испрати ја страницата | Отпечати ја страницата

ЖИВОТ ПЛУС

Живот Плус е осигурување кое претставува идеална комбинација на квалитетно долгорочно штедење и осигурување на живот. На тој начин обезбедува:

  •     Загарантирана заштита на осигуреникот во текот на  целиот период на осигурување;
  •     Заштита на семејството во случај на непредвидени ситуации;
  •     Заштита на животниот стандард во трета животна доба;
  •     Исполнување посебни цели како што се школување на деца, патување итн.
     

Овој продукт е наменет за сите лица на возраст од 14 до 60  години.

Договорот може да се склучи за период од 10 до 30 години.

Калкулатор на премија

Инвестиција и Добивка

КОМПАКТ – долгорочно штедење и финансиска заштита на семејството во случај на непредвидени настани.

ОПТИМУМ – долгорочно штедење и финансиска заштита во случај на непредвидени настани, како и заштита во случај на повреди кои како последица имаат траен инвалидитет.

ПРЕМИУМ – ЖИВОТ ПЛУС ЗДРАВЈЕ - горенаведеното покритие за осигурување на живот, со можност за договарање на дополнително осигурување:

  • дневeн надомест за болнички престој поради болест, несреќа или породување
  • фиксен надомест во случај на кршење на коски и зглобови
  • хируршки интервенции.
     

Плаќање на премија

Преземете брошура

Придобивки од ЖИВОТ ПЛУС осигурувањето

Животно осигурување со штедење Истовремено штедење и осигурување
Животно осигурување со еднократна уплата на премија Почетна поволна осигурана сума
Сигурна инвестиција и можност за остварување на добивка
Дополнително осигурување од незгода на осигураното лице Финансиско ублажување на последици од незгода
Дополнително осигурување во случај на смрт поради незгода на осигураното лице Загарантирана повеќекратна исплата осигурана квота
Исплата на осигураната сума и пропишаната добивка на крајот на траењето на осигурувањето Добивка без ризик
Дополнителна добивка за третата животна доба Остварување на значајна финансиска добивка со која можете слободно да располагате
Валутна клаузула Заштита на вашите пари независно од курсните промени

 

 

 

 


Калкулатор на премија
Преземете брошура

Безгрижни денови

Во рамки на полисата за животно осигурување, Ви се нуди дополнителна можност да договорите и осигурување на лица од последици на несреќен случај – незгода, како и дневен надомест за болнички денови.

Со вклучување на овие опции во Вашата полиса ќе се обезбедите дека во случај на несреќен случај ќе имате доволно средства за да ги покриете евентуалните трошоци за лекување и престој во болница. На овој начин му се дава значителна финансиска сигурност и помош и на семејството при евентуален несреќен случај, траен инвалидитет или загуба на живот на осигуреникот.

Некои велат дека животот започнува со пензионирањето. Внимателно одлучете каде и како ќе ги вложите Вашите слободни средства и обезбедете си активни и исполнети пензионерски денови.

Испрати ја страницата | Отпечати ја страницата