Испрати ја страницата | Отпечати ја страницата

Подигнување на ЗАЕМ по полиса за осигурување на живот

 

УНИКА ЛАЈФ А.Д. Скопје со цел за исполнување на потребите на своите клиенти, овозможи подигнување на заем во висина на откупната вредност на полисите за осигурување на живот со симболична каматна стапка .

Со оваа можност, УНИКА ЛАЈФ А.Д.Скопје на своите клиенти им обезбедува дополнителна заштита во текот на целиот период на осигурување .

Доколку Ви се потребни парични средства, отсега понатаму истите можете да ги обезбедите токму преку Вашата полиса за осигурување на живот .

Единствен услов за одобрување на подигнување на заем е да се изминати 3 години од периодот на осигурување и да е платена премијата за осигурување за тие 3 години .

Заемот го одобруваме во рок од еден работен ден, за што е потребно да ја доставите следната документација :

Фактите кои говорат дека ова е најповолната и најдобрата можност за позајмица се :

  • Најповолна каматна стапка ;
  • Одобрување на заем и доколку не се исполнети стандардните услови за одобрување на банкарски кредит  ;
  • Износот на земениот заем не се калкулира во вкупната кредитна задолженост на клиентот ;
  • Заем без жиранти или гаранции ;
  • Истовремено целосно осигурување ;
  • Административни трошоци од само 150 денари за нотарска заверка на Изјавата за винкулација  ;
  • Заемот се одобрува во рок од еден работен ден;

Дополнителна поволност е тоа дека овој заем е единствениот кој во најлоша ситуација немате обврска да го вратите, бидејќи во тој случај УНИКА ЛАЈФ А.Д.Скопје се обврзува да ја откупи Вашата полиса и со тоа престануваат Вашите обврски .

За подетални информации околу реализирање на Вашето право на заем, може да не контактирате :

  • По пат на електронска пошта :uniqalifeinfo@uniqa.mk
  • Телефонски : 02/3288822
Испрати ја страницата | Отпечати ја страницата