Пријава на материјална штета по автоодговорност кон трети лица


Во случај на мала материјална штета се пополнува Eвропски Извештај по можност на лице место за да може да се направи реконструкција на начинот на кој се случила сообраќајната незгода со возилата-учесници во незгодата. Се прават фотографии на кои се гледаат и двете возила-учесници, при што пожелно е да се извести и најблиската полициска станица, која понатаму за потребите на компанијата и учесниците на тој начин ќе биде во можност да издаде службена белешка за незгодата. Потоа возилата се отстрануваатод коловозот и во најкраток можен рок двајцата учесници треба да ја пријават штетата во компанијата на причинителот. На увид се носат и двете возила (заради реконструкција на настанот).

Единствен услов за употреба на европски извештај во случај на сообраќајна незгода е двете возила да бидат подвижни а во спротивно потребно е да се повика полиција која ќе изготви полициски записник. Во случај кога има полициски записник (за поголеми материјални штети) причинителот не треба да дојде со оштетениот во компанијата за пријава на штета.

Потребни документи за пријава на материјална штета-возило:

1. Сообраќајна дозвола

2. Возачка дозвола

3. Полиса од автоодговорност кон трети лица

4. Изјава за случена сообраќајна незгода <преземи образец тука>

5. Полномошно или купопродажен договор за возилото во случај кога возилото не е на име на барателот на штета

6. Трансакциска сметка од сопственикот на возилото

7. Барање кое го пополнува оштетениот <преземи образец тука>

8. Европски извештај кој се пополнува доколку не е пополнет на лице место.

Во случај на пријава по европски извештај документите под реден број 1,2,3,4,8 (еден извештај се пополнува и од двајцата возачи) ќе треба да се дадат и од двајцата учесници во незгодата.

После отворање на број на штета и фотографирање на возилата, оштетениот добива комисиски записник за оштетени делови, според кој комисиски записник овластениот сервис ќе го поправи оштетеното возило (за што треба да достави фактура) или спогодбен комисиски записник со кој одобрениот износ за поправка на возилото се префрла на трансакциска сметка на сопственикот. Со ова се затвора техничкиот дел на обработка на штета.

Во случај на пријава на КАСКО / Стакло потребни документи се:

Имате прашање?

Contact details

info@uniqa.mk  Контакт
ОСТАНАТИ ПРИЈАВИ НА ШТЕТИ