Колективно осигурување од несреќен случај - незгода


Исплатата на осигурената сума по основ на траен инвалидитет се врши врз основа на договорот за осигурување  и условите за осигурување од несреќен случај-незгода наведени во договорот за осигурување.

Како доказна документација потребно е да се достави:

1. КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА- ВРАБОТЕНИ
Барање за траен инвалидитет

  • Пополнета Пријава/образец на УНИКА, со точна адреса и тел.број на осигуреникот <преземи образец тука>
  • Фотокопија од полиса/Потврда за редовен работен однос со точен датум на стапување (може и фотокопија од М1/М2)
  • Полициски записник - Доколку несреќниот случај-незгода е настанат при сообраќајна незгода
  • Комплетна медицинска документација од денот на повредата и контролните прегледи и РТГ снимки доколку има скршеници/трауми
  • Сметкопотврди за лекување (во оригинал)
  • Извештај за спреченост на работа  и/или Мислење од лекарска комисија за спреченост на работа
  • Трансакциска сметка од осигуреникот (денарска)


2. КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА/СМРТ ОД БОЛЕСТ ИЛИ НЕЗГОДА

  • Пополнета Пријава/образец на УНИКА АД Скопје, со точна адреса и тел.број на осигуреникот <преземи образец тука>
  • Фотокопија од полиса и /Потврда за редовен работен однос со точен датум на стапување ( може и фотокопија од М1/М2)
  • Извод од матична книга на родени за баратек-от/ите/ наследниците во оригинал или фотокопија заверена на нотар (не постар од 6 месеци)
  • Извод од матична книга на умрени (не постар од 6 месеци) во оригинал или фотокопија заверена на нотар
  • Извод од матична книга на венчани доколку починатото лице било во брак (не постар од 6 месеци) и  доколку постои таква заедница, а ако не постои, Изјава дадена од страна на наследникот дека нема други законски наследници во согласност со член 16 од Општите услови )
  • Изјава дадена на нотар од страна на сопругот/сопругата на починатото лице дека нема други законски наследници (како што се вонбрачни деца, деца од претходен брак и сл.)
  • Потврда за смрт од болница, медицинска документација, односно Историја  на болеста за починатиот (фотокопија)
  • Полициски записник / Службена белешка (доколку станува збор за смрт од несреќен случај).

Како корисници за случај на смрт на осигуреникот се сметаат, според член 16 од Општите услови за осигурување на лица од последици од несреќен случај-незгода, следните лица:

  • децата и брачниот другар на осигуреникот на еднакви делови (доколку има)
  • ако нема деца , ниту потомци, брачниот другар на една половина, а родителите на другата,
  • ако нема ни брачен другар, само родителите.

По прибавување на потребната доказна документација и по добивање на лекарскиот извештај од стручниот соработник-цензор , се смета дека документацијата е комплетна, по што се пристапува кон утврдување на основот на висината на осигурената сума. Висината на обврската се утврдува врз основа висината на осигурената сума  и/или договореното покритие за дополнителното осигурување, извештајот од лекарот и расположливата доказна документација. 

*Напомена:  УНИКА АД Скопје го задржува правото да бара дополнителни објаснувања и дополнителна документација од корисникот на полисата за осигурување, а со цел да се утврдат важните околности во врска со пријавениот осигурен случај.  

Имате прашање?

Contact details

info@uniqa.mk  Контакт

ОСТАНАТИ ПРИЈАВИ НА ШТЕТИ