Испрати ја страницата | Отпечати ја страницата

UNIQA Македонија

Друштвото за осигурување UNIQA а.д Скопје е во сопственост на водечката австриската осигурителна компанија UNIQA Insurance Group. Во Македонија UNIQA а.д Скопје е правен и деловен наследник на Сигал а.д Скопје кое беше основано како ќерќа-фирма од СИГАЛ, Албанија во 2004 година. На македонскиот осигурителен пазар ги нуди своите продукти од 2005 година.

Во Јуни 2009 година, македонската подружница на SIGAL UNIQA Insurance Group се ребрендира/реструктуира во UNIQA а.д. Скопје и продолжи да ги нуди сите форми на неживотно осигурување продавајќи ги преку своите вработени во продажба, и мрежа на надворешни соработници - агенти и брокери.


 

Корпоративна култура

Ние сме убедени дека само заедно можеме да ја градиме нашата иднина. Колку е поголема разликата помеѓу нашите вработени, толку е поголема страста за понатамошниот развој на УНИКА. Ова важи за сите области на компанијата - од продажната мрежа, преку актуарите, па сé до проценителите на штети. Тие сакаат да припаѓаат меѓу најдобрите. Затоа сакаат да бидат близу до нашите клиенти, да се интересираат за нивните животи и нивните грижи. Тие постојано ги подобруваат нашите производи и услуги. Од нашите менаџери очекуваме: лидерство, тренинг на персоналот, искрен фидбек врз нивниот тим, перспективност, правичност и транспарентност. Од нашите вработени очекуваме: посветеност, перформанси и флексибилност. За возврат, ние инвестираме во нивниот професионален развој, ги унапредуваме нивните таленти и им нудиме доволно можности за да бидеме сигурни дека оптимално можат да ги искористат своите вештини.

 


Од 26 мај 2011 година преку новоформираната компанија UNIQA Life Македонија UNIQA влезе и на пазарот на животно осигурување во Македонија.

Назив на субјектот: Друштво за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје
Седиште: Бул. ВМРО бр.3, 1000 Скопје, Република Македонија

ЕМБС: 5896100                 ЕДБ: 4030004518463

Саимир Дамо, генерален директор

Надзорен Одбор
Авни Понари, претседател
Алма Тотокоци, член
Арбен Чаволи, член
Гералд Муелер, член

Управен Одбор
Саимир Дамо, претседател
Борче Богески, член
Билјана Стојанов, член
 


Назив на субјектот: Друштво за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје
Седиште: Бул. ВМРО бр.3, 1000 Скопје, Република Македонија

ЕМБС: 6712339                 ЕДБ: 4080011522414     

Дритон Азизи, генерален директор

Надзорен Одбор

Авни Понари, претседател
Едвин Хоџај, член
Елвис Понари, член
Гералд Муелер, член

Управен Одбор
Дритон Азизи, претседател
Александра Шкемби, член
Емил Кратовалиев, член


  • животно осигурување
  • осигурување од незгода
  • осигурување на имот
  • oсигурување од одговорност
  • осигурување на возила
  • патничко осигурување во странство
  • доброволно здравствено осигурување
  • банкоосигурување
  • осигурителни пакети за мали и средни претпријатија
Испрати ја страницата | Отпечати ја страницата