Испрати ја страницата | Отпечати ја страницата

UNIQA Insurance Group

UNIQA Insurance Group е една од водечките осигурителни групации на пазарите во Австрија, Централна и Источна Европа. 22,000 вработени и партнерите опслужуваат 9 милиони коминтенти во 19 држави. Капиталот со кој управува компанијата изнесува 24,2 милијарди Евра. Поради тоа UNIQA Versicherungen AG е рангирана во највисокиот сегмент на Виенската берза на хартии од вредност – таканаречениот примарен пазар. Веќе со години агенцијата Standard & Poor’s ја оценува UNIQA со стабилен „А“ рејтинг.

Во UNIQA и Raiffeisen Insurance, поседуваме два силни брендови кои ни овозможуваат многу добра основа за нашиот понатамошен развој. UNIQA оперира во 16 земји во Централна и Источна Европа: Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Чешка Република, Украина и Унгарија. Осигурителните компании во Италија, Швајцарија и Лихтеншајн се исто така членови на UNIQA Групацијата. Aктуелните и потенцијалните клиенти можат да сметаат на највисок квалитет во осигурувањето, највисока безбедност и нови фондови што само големи и реномирани меѓународни компании како UNIQA можат да ги понудат.

Мисијата на UNIQA

 

Блискоста со нашите клиенти е појдовна точка на нашиот бизнис. Ние сме фокусирани на нашиот суштински бизнис на овозможување на безбедност. Ние се зафаќаме со потребите на нашите клиенти и создаваме решенија скроени за нив. Ова е возможно само преку личен контакт, лице в лице и на локално ниво.
Оваа посветеност оди во прилог како на клиентите, така и за нас.
Создаваме врска помеѓу луѓето и УНИКА - секојдневните ризици ги менуваат животните текови, кои осигурени преку продуктите на УНИКА ги прават „промените во животот“ позитивни.

Стратегијата на UNIQA се состои од следниве пет клучни појдовни точки:

  1. Услуга - ние нудиме едноставна, посветена и благонаклонета помош;
  2. Фокус кон клиенти - се гледаме себеси како претставници на клиентите;
  3. Способност - нудиме уверливи решенија засновани на нашето искуство;
  4. Иновација - нудиме нови, современи продукти;
  5. Квалитет - се посветуваме на подготовка на индувидуални решенија.
Испрати ја страницата | Отпечати ја страницата