Испрати ја страницата | Отпечати ја страницата

Кариера

Генијални бизнис идеи, ветувачки корпоративни стратегии и иновативни продукти кои очигледно се предуслов за успех. Сепак, овие фактори се оживуваат само преку посветеноста и принципите на нашите вработени. Тие се оние кои ги претвораат плановите во реалност. Затоа го гледаме нашиот тим како вистинската почетна точка за нашиот долготраен успех.

Ние се залагаме да вработуваме образовани и мотивирани работници кои ја гледаат UNIQA како дом на нивната професионална идинина. Ние го препознаваме и развиваме нивниот потенцијал, и затоа толку многу инвестираме во нашиот тим. Меѓутоа, ние исто така им задаваме предизвикувачки задачи, бидејќи нашата цел е да успееме. Потребен услов за една искрена корпорација е консезуз за основните вредности, цели и ставови. Индивидуалните тренажни програми ги подготвуваат нашите вработени за нивните работни задачи и се основа за нивниот понатамошен развој во рамките на целата компанија.

Повеќе од 22,000 луѓе веќе придонесуваат кон успехот на UNIQA. Можеби и ти ќе бидеш дел од нашиот тим.

Вашите барања со лична и професионална биографија испратете ги на kariera@uniqa.mk

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ

повеќе соработници во градовите низ Република Македонија

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ

повеќе соработници во градовите низ Република Македонија

Стручните соработници за продажба на осигурување на живот се професионални финансиски советници кои се подготвени да одговорат на сите прашања на клиентите и да им помогнат во изборот на вистинскиот продукт. Соработниците на UNIQA Life активно ги воспоставуваат контактите со нови и со постоечките клиенти, ги презентираат и продаваат осигурителните продукти (со акцент на осигурувањата на живот), исполнувајќи ги продажните планови, ја развиваат и унапредуваат продажбата и воедно известуваат за спроведените активности.

Ви нудиме:
• Обуки и можност за постојано усовршување
• Самостојност во организацијата на сопствените работни обврски и флексибилно работно време
• Можност да се докажете и да ја осигурате својата иднина во една од најпрерспективните дејности
• Стимулативен систем на компензација со неограничени можности за заработка
• Професионален развој и кариера преку извонредни прилики за напредување во кругот на продажната структура на UNIQA

Од вас очекуваме:
• минимум средна стручна подготовка
• познавање на работа на компјутер (MS Office пакет)
• работно искуство во продажба - комерцијалисти од сите профили (пожелно)
• подготвеност за нови предизвици во продажбата, работа на терен, континуирано учење и личен развој

Доколку сакате да дознаете зошто работното место Стручен соработник за продажба на осигурување на живот е една од трите најплатени продажни професии во светот, ги исполнувате наведените услови, уживате во комуникацијата со другите, отворени сте и срдечни, верувате во себе, истрајни сте и поседувате ентузијазам и посакувате да работите во една од најголемите осигурителни компании во Европа, ве повикуваме да се придружите на нашиот успешен тим.
 

Испратете ја вашата биографија и професионално резиме на kariera@uniqa.mk

Испрати ја страницата | Отпечати ја страницата