| Приватно | Бизнис | Услуга | Компанија |
![]() |
|||||||
|
|||||||
Општа одговорност
Со ова осигурувањето од Општата одговорност се покрива законската граѓанска одговорност на осигуреникот за штети на трети лица настанати при вршење на дејноста на осигуреникот, или од поседување имот, од правен однос, или од одредено својство како извор на опасност.
Осигурувањето на одговорноста ја покрива јавната, вондоговорна одговорност на осигуреникот спрема трети лица за штети поради смрт, повреда на телото или здравјето, како и штети поради уништување или оштетување на имотот и предметите на трети лица. Професионална одговорност
UNIQA Осигурување овозможува осигурување и на договорната одговорност, со што осигуреникот обезбедува заштита за штетите што може да ги причини на своите клиенти при давање на определени професионалните услуги, како што се: Адвокати, Нотари, Извршители, Лекари, Стоматолози, Фармацевти, Ревизори, Стечајни управници, Брокери, Тела за оценка на сообразност, Туристички агенции.
Адвокати
Се осигурува законската одговорност на Адвокати за чисто имотни штети во врска со вршење на адвокатската дејност, од одговорност од поседување на канцелариски простор и од одговорност во својство на приватно лице.
Судски извршители
Се осигурува законската одговорност на Судските Извршители за штети причинети на трети лица при вршење на извршителски дејности за кои според Законот за Извршители е одговорен осигуреникот - Извршителот со годишно покритие од 100 000 евра со франшиза од 10%.
Проектанти
Со ова осигурување се обезбедува покритие на Проектанти за причинети штети кои тие може да ги предизвикуваат при вршење на својата дејност за време траење на осигурувањето.
Доколку штета биде причинета со прекршување на одредбите на Законот за градешништво или други закони или подзаконски акти на Република Македонија кои се однесуваат на ова дејност, тогаш за тие штети не важи осигурително покритие на осигуреникот, односно осигурувачот нема обврска да ги надомести. Годишниот лимит на одговорноста по сите настанати штети изнесува:
Стечаен управник
Предмет на осигурување е законската одговорност на стечаен управник за причинети имотни штети на доверителите по отварањето на стечајната постапка над должникот, а во согласност со Законот за стечај. Со ова осигурување, законската одговорност на стечајниот управник е покриена за штета која настанала и која е пријавена за времетраење на осигурувањето, а како последица од непредвидлив, неочекуван и непознат штетен настан во вид на пропуст или грешка при извршување на стручната дејност. Со надомест на штета поради пропуст или грешка на стечајниот управник се опфакаат сите доверители пријавени во законскиот рок во стечајната постапка, а во согласност со Законот за стечај на кои им е оштетен имотниот интерес.
Намерно преземените дејствија од стечајниот управник, измама или грубо невнимание со кои се предизвикуваат имотни штети на доверителите не се покриени со ова осигурување. Туристички агенции
Со ова осигурување се обезбедува покритие на туристичките агенции за причинети штети кои тие може да ги предизвикуваат на трети лица при вршење на својата дејност за времетраење на осигурувањето.
Доколку штетата биде причинета со прекршување на одредбите на Законот за угостителска и туристичка дејност, Законот за надворешно трговско работење и други закони на Република Македонија кои се однесуваат на оваа дејност како и подзаконски акти (Правилникот за стандардите за работење на туристичките агенции АТАМ) не важи осигурителното покритие на осигуреникот и осигурувачот нема обврска за надомест на штета. Годишен лимит на одговорноста по сите настанати штети изнесува:
|
|
![]() |
||
| ДОМА | МАПА НА САЈТОТ | КОНТАКТ | ИНПРЕСУМ | НОВОСТИ | ПРАВНО ИНФОРМАЦИ |
||
| © 2005 BY UNIQA GROUP AUSTRIA |