Осигурувањето на Банки претставува осигурување на целокупното работење на Банката со комплетно реосигурително покритие во реосигурителната компанија Loyd London. Во осигурените ризици е вклучено:
- Осигурување на пари во каса и при манипулација на шалтер: Осигурувањето го покрива осигуреникот од загуба или штета на имот од провална кражба и разбојништво или неовластено влегување. Осигурувањето покрива ризици додека парите се наоѓаат во каса или додека се работи со нив на благајна (шалтер).
- Осигурување на пари за време на транспорт: Осигурувањето покрива пари и хартии од вредност до лимитот наведен во полисата од загуба или штета на истите за време на превезување било каде под надзор на вработени или агенција за обезбедување, или компанија која врши транспорт со вооружано моторно возило во корист на осигуреникот.
- BBB (Bankers Blanked Bond): Ова е комплексно и сеопфатно осигурување кое го вклучува покритието на пари во каса и пари во транспорт кои се споменати погоре, како и:
- Проневера на вработени;
- Фалсификувани чекови;
- Фалсификувани пари (валути);
- Имотни штети на градежни објекти и опрема.
- D&O (Directors and Officers Liability): полиса за осигурување на одговорност на директори и раководители при вршење на дејност, која обезбедува широко осигурително покритие од разни видови на одговорности на директорите како индивидуи во нивно лично име.