Бизнис Патничко Осигурување
Патничко здравствено осигурување во странство

Доколку вработените од Вашата компанија често одат на службени патувања, обуки и конференции во странство, Ваш најдобар избор за максимална заштита од негативни последици при евентуални несреќи во странство е Бизнис Патничкото Осигурување на UNIQA Осигурување.

Полисата на Бизнис патничко здравствено осигурување во странство на UNIQA Осигурување, ги покрива трошоците за непредвидена лекарска интервенција во странска здравствена институција, поради болест или незгода што би настанале додека вработените патуваат или престојуваат во странство.

Со Бизнис Патничкото Осигурување ќе ги избегнете трошоците за:
  • Итен медицински третман за време на патување или престој во странство;
  • Лекови, рентгенски или ултразвучни прегледи;
  • Итен медицински превоз и хоспитализација;
  • Трошоци за репатријација на болните во домашната земја.

Со полисата на Патничкото осигурување обезбедете и:
  • Надоместок во случај на траен инвалидитет поради незгода во странство.

Во полисата на Патничко осигурување во странство, UNIQA одобрува:
  • Попуст за патување во група над 3 члена;
  • Попуст за поевеќегодишен договор;
  • Бонус за немање штета за претходна полиса.

Доколку веќе имате полиса за Бизнис патничко здравствено осигурување, UNIQA Осигурување Ви одобрува попуст за други видови осигурување за Вашиот бизнис и имотот и опремата на Вашата компанија.


24 часа поддршка

UNIQA Ви овозможува 24 часа поддршка преку мрежата на CORIS:
  • CORIS нуди 24 часа поддршка;
  • Податоците за CORIS ги имате во самата полиса.
Проверете зошто над 7 милиони клиенти ширум Европа ни ја имаат подарено својата доверба!


Упатство за користење на правата од полисата

Доколку Ви се случи осигуран случај, потребно е:
  • Да ја приложите полисата во медицинската институција;
  • Да се јавите во CORIS или UNIQA а.д. Скопје;
  • Да ги дадете своите лични податоци;
  • Да ги сочувате сите оригинални лекарски документи;
  • Да ги сочувате сите оригинални сметки за платени медицински услуги и
  • Да постапите според дадените инструкции.
По враќање во земјата, треба:
  • Да се јавите во UNIQA Осигурување, и
  • Да ја комплетирате доказната документација која треба да се приложи кон барање за надомест на штета.




  ДОМА | МАПА НА САЈТОТ | КОНТАКТ | ИНПРЕСУМ | НОВОСТИ |
ПРАВНО ИНФОРМАЦИ
© 2005 BY UNIQA GROUP AUSTRIA