Колективното осигурување на работници од последица на незгода (несреќен случај) овозможува ублажување на економските последици за компанијата и за самите работници од несреќните случаи кои можат да настанат на работно место или каде било во секојдневниот живот: просторно и временски неограничено.
При настанување на незгода (несреќен случај), осигурената сума по овој вид на осигурување претставува најголемиот износ кој осигурувачот е обврзан да го плати како надомест за секој осигуреник посебно.
За ова осигурување се нуди покритие за следните ризици:
- траен инвалидитет (100% или делумен);
- смрт од незгода;
- смрт од болест;
- трошоци за лекување;
- дневен надомест до 200 дена во годината во зависнот од видот на повредата.