Транспорт Плус
Осигурување и мониторниг 24 часа во 24 земји од Европа


Одличен избор за транспортни компании

Сите возни паркови се различни на свој начин. Понекогаш се работи за бројот и видот на возилата, понекогаш за лицата што ги менаџираат или користат. Тоа значи дека сите Вие имате свои специфики и затоа е неопходно потребите за транспортно осигурување на Вашата компанија да се проценат на индивидуална основа и да се предложат најсоодветни и флексибилни решенија.

Пакетот Транспорт Плус на UNIQA Осигурување е специјално дизајниран за да Ви овозможи комплетно осигурување на целиот Ваш возен парк со само една полиса, со што ќе заштедите и време и пари и што е најважно ќе го заштитите Вашиот бизнис и инвестиција.


Уникатни придобивки со UNIQA Осигурување

Пакетот Транспорт Плус од UNIQA Осигурување ќе Ви овозможи и уникатни придобивки:
  • Флексибилно решение максимално прилагодено на Вашите потреби;
  • Брзо и фер покривање на штетите и кон Вас и кон трети лица од земјата или странство;
  • Бонус систем во случај на ненаправена штета со што секоја следна година ќе заштедите на основната премија;
  • Избор на начинот и динамиката на плаќање од Ваша страна.

Што се’ е вклучено?
АО Осигурување од автомобилска одговорност кон трети лица во РМ.
Зелен картон Осигурување од автомобилска одговорност кон трети лица во сите европски земји, членки на системот зелен картон.
Каско Осигурување на моторните возила за штетите настанати на возилото независно од причината и виновникот.
CMR осигурување Осигурување одговорност на превозникот при превезување на пратки во домашен и меѓународен копнен транспорт.
GPS услуги Можност за следење на траекторијата на движење на сите возила од возниот парк во реално време, како и многу други дополнителни опции.


GPS следење на возниот парк во 24 земји

Непосакувани ситуации и несреќи можат да се случат во било кое време од денот или ноќта, било кој ден во годината, во земјата или во странство. Токму затоа UNIQA Осигурување Ви овозможува 24-часовно следење 365 дена во годината на сите возила од Вашиот возен парк во 24 земји од Европа преку GPS систем.

Global Positioning System (GPS) е светски систем за навигација формиран од 24 сателити и бази на земјата. Ова овозможува прецизно наоѓање и следење на движењето на Вашето возило во реално време, како и многу дополнителни и корисни информации:
  • Траекторијата на движење на возилото;
  • Колку време бил вклучен, а колку исклучен моторот на возилото;
  • Број на поминати километри за еден ден, една недела или еден месец;
  • Количина на потрошено гориво како и брзината на движење на возилото.

Од GPS системот ќе добиете SMS известување на Вашиот мобилен телефон доколку Вашето возило учествувало во непредвиден случај:
  • Возилото учествувало во несреќен случај;
  • Возилото е отворено без клуч;
  • Возилото се движи со исклучен мотор;
  • Исечени се каблите кои го поврзуваат уредот со возилото;
  • Возилото е со вклучен мотор, но не се движи подолг период.

За повеќе информации во врска со GPS системот обратете се во дирекцијата на UNIQA Осигурување во Скопје или во деловната единица во Вашиот град.


Брошура за Транспорт Плус


  ДОМА | МАПА НА САЈТОТ | КОНТАКТ | ИНПРЕСУМ | НОВОСТИ |
ПРАВНО ИНФОРМАЦИ
© 2005 BY UNIQA GROUP AUSTRIA