| Приватно | Бизнис | Услуга | Компанија |
![]() |
|||||||
|
|||||||
![]()
На сите клиенти кои се занимаваат со увоз или извоз на стоки UNIQA Осигурување им нуди квалитетно осигурително покритие на стоките во транспорт - Карго осигурување.
Осигурување на пратки во меѓународен транспорт
Секоја пратка на стоки во транспорт се пријавува со посебна пријава по факс, e-mail, пошта или со лична достава. Фактурната вредност на пратката ја претставува сумата на осигурување која може да се зголеми за износот на трошоците и/или добивката, но најмногу до 30%, со што така зголемената вредност на стоката претставува максимална обврска на UNIQA Осигурување во случај да настапи осигуран ризик.
Осигурителното покритие на пратките кои патуваат на ризик на осигуреникот, од местото на товар до местото на растовар (врата-до-врата) во копнен превоз е по клаузулата *А* (ALL Risks - против сите ризици). Осигурувањето по оваа клаузула ги покрива *сите ризици*, загуба или оштетување на осигурената пратка кои се настанати како непосредна последица на сообраќајна незгода, елементарни непогоди, пожар, поплава, делумна кражба, кражба на целото возило, разбојништво, штети настанати при натовар или растовар на стоката. Ова осигурување во никој случај не ги покрива штетите настанати при неправилен натовар и растовар, несоодветно пакување на стоката, заради природните својства на стоката, оштетувања кои веќе постоеле пред приемот на стоката за превоз, употреба на несоодветно возило или контејнер,прекинување на превозот по наредба на осигуреникот, војна, побуни, граѓанска војна, немири или било какви наредби на власта и штети кои настануваат заради зла намера или голема небрежност на осигуреникот, за кои тој одговара (испраќачот, натоварувачот или примателот). Осигурувањето започнува во моментот кога стоката се превзема од складот со цел за непосреден натовар, а престанува во моментот кога ќе се истовари од превозното средство во местото на истовар назначено во полисата за осигурување, најкасно 24 часа, сметано од моментот на пристигнувањето во определеното место. Осигурување на пратки во домашен транспорт
Предмет на осигурување кај домашниот транспорт се сите пратки на стоки кои се превезуваат со туѓи или сопствени превозни средства на ризик на осигуреникот на територија на Република Македонија. UNIQA Осигурување се обврзува на осигуреникот да му надомести физички губиток или оштетување на осигурената стока заради:
Премијата за осигурување се пресметува врз основа на збирот на сите влезни фактури и реализацијата, доколку не се договори поинаку. Осигурување на одговорноста на превозниците- CMR осигурување
Со ова осигурување осигуреникот ја осигурува својата одговорност како превозник спрема корисниците на превозот за докажана целосна или делумна загуба, оштетување или задоцнување на пратките во домашен и меѓународен превоз, преземени на превоз со товарен лист или соодветен документ.
UNIQA Осигурување ќе му ги надомести на осигуреникот сите износи кои тој треба да ги плати врз основа на одговорноста до максималната лимитирана обврска утврдена во полисата за осигурување. Премијата за осигурување зависи од висината на осигурителното покритие и се утврдува со полисата за осигурување. Во случај на штета
Осигуреникот е должен да му достави на осигурувачот пријава за настанатата штета веднаш или најдоцна 3 дена од нејзиното настанување т.е. дознавање. Кога ќе настане штета осигуреникот е должен веднаш да ја констатира записнички ако по негова процена не го минува износот од 500 EUR, а ако таа го надминува тој износ обврзан е веднаш да го извести осигурувачот. Ако превозот или преносот се врши со превозни средства кои не се на осигуреникот, штетата да се констатира во присуство на превозникот според условите по договорот за превоз и тоа:
|
|
![]() |
||
| ДОМА | МАПА НА САЈТОТ | КОНТАКТ | ИНПРЕСУМ | НОВОСТИ | ПРАВНО ИНФОРМАЦИ |
||
| © 2005 BY UNIQA GROUP AUSTRIA |