Профил на компанијата
UNIQA а.д. Скопје

UNIQA а.д Скопје е во сопственост на водечката австриската осигурителна компанија UNIQA Group Austria. Во Македонија UNIQA а.д Скопје е правен и деловен наследник на Сигал а.д Скопје.

UNIQA а.д. Скопје ја нуди целата лепеза на различни видови неживотни осигурувања.


UNIQA а.д. Скопје постигна значителен напредок во сите области во текот на 2010 година:
  • Зголемување на вкупниот број на склучени договори за дури 46 проценти во однос на 2009 година, при што се достигна бројка од речиси 140 илјади договори;
  • Зголемување на висината на вкупната премијата за 16 проценти;
  • Зголемување на бројот на склучени договори за Осигурување од незгода за цели 65 проценти;
  • Зголемување на бројот на полиси за производот Патничко здравствено осигурување за дури 90 проценти;
  • Зголемување на бројот на полиси за Осигурување на возила за 13 проценти;
  • Зголемување на бројот на Имотно осигурување и Одговорност кон трети лица за 64 проценти.
UNIQA неживотното осигурување во Македонија успеа да го продолжи ваквиот раст и во првиот квартал на 2011 година. Имено, UNIQA неживотното осигурување во Македонија веќе во првиот квартал од 2011 година оствари раст на склучената премија во висина од 13 проценти, во споредба со истиот период минатата година.


Од 26 мај 2011 година преку новоформираната компанија UNIQA Life Македонија UNIQA влезе и на пазарот на животно осигурување во Македонија.


UNIQA Group Austria

Австриската Групација UNIQA е една од водечките осигурителни компании во Централна и Источна Европа присутна со свои осигурителни производи, услуги и продажна мрежа на 21 пазар во регионот. UNIQA има склучено 16,5 милиони договори за осигурување и 7,6 милиони клиенти ширум Европа. Капиталот со кој управува компанијата изнесува 24,2 милијарди Евра. Поради тоа UNIQA Versicherungen AG е рангирана во највисокиот сегмент на Виенската берза на хартии од вредност – таканаречениот примарен пазар. Веќе со години агенцијата Standard & Poor’s ја оценува со стабилен „А“ рејтинг UNIQA групацијата. И актуелните и потенцијалните клиенти можат да сметаат на највисок квалитет во осигурувањето, највисока безбедност и нови фондови што само големи и реномирани меѓународни компании како UNIQA можат да ги понудат.




  ДОМА | МАПА НА САЈТОТ | КОНТАКТ | ИНПРЕСУМ | НОВОСТИ |
ПРАВНО ИНФОРМАЦИ
© 2005 BY UNIQA GROUP AUSTRIA