UNIQA LIFE Македонија
Скопје, 27 мај 2011 година

UNIQA Life Македонија – нова осигурителна компанија на македонскиот пазар




По одличните бизнис резултати во 2010 година, кога беше постигнато зголемување на премијата за неживотно осигурување за 16%, UNIQA неживотното осигурување во Македонија успеа да го продолжи ваквиот раст и во првиот квартал на 2011 година. UNIQA неживотното осигурување во Македонија веќе во првиот квартал од 2011 година оствари раст на склучената премија во висина од 13%, во споредба со истиот период минатата година.

Поради ваквите позитивни резултати во изминатиот период и врз основа на очекуваниот потенцијал на македонскиот осигурителен пазар, акционерите на UNIQA Македонија кон крајот на 2010 година донесоа одлука да влезат и на пазарот на животно осигурување во Република Македонија, со цел да ја надополнат палетата на осигурителни производи кои веќе се нудат на македонскиот пазар од страна на компанијата за неживотно осигурување UNIQA а.д. Скопје, преку основање на компанијата - UNIQA Life Македонија, која ќе понуди продукти за животно осигурување.

Континуирана и најзначајна цел на UNIQA е да понуди интегрирани осигурителни решенија прилагодени на денешните динамични и модерни стилови на живот.

Врз основа на искуството на UNIQA, компанијата планира да понуди атрактивни продукти за животно осигурување, прилагодени на потребите на македонските корисници за сигурност, штедење и инвестирање.




Фактот дека UNIQA Group Austria е една од водечките компании за животно осигурување на австрискиот осигурителен пазар, и има долгогодишно и богато искуство и знаење од оваа област на осигурителниот бизнис нудејќи животно осигурување во 17 европски земји, со алоцирана премија за животно осигурување за 2010 година во висина од 2,6 милијарди Евра, како и осигуран капитал во животно осигурување што достигна до 70,2 милијарди Евра – претставува гаранција дека UNIQA Life Македонија ќе им понуди на македонските корисници веќе проверени и високо-квалитетни производи и услуги во сегментот на животно осигурување.

Програмата за животно осигурување ќе биде достапна преку 22 канцеларии на UNIQA низ цела Македонија, како и преку мрежа на продажни агенти.

Компанијата UNIQA Life Македонија доби дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување да работи во областа на животно осигурување врз основа на Одлука од 26.05.2011 година.

UNIQA ја промовираше новата компанија и новата услуга на прес-конференција што ја одржа во своите простории на 27 мај 2011 година.






  ДОМА | МАПА НА САЈТОТ | КОНТАКТ | ИНПРЕСУМ | НОВОСТИ |
ПРАВНО ИНФОРМАЦИ
© 2005 BY UNIQA GROUP AUSTRIA