| Приватно | Бизнис | Услуга | Компанија |
![]() |
|||||||
|
|||||||
На кој начин може да се искористи осигурената сума?
Соништата и желбите се основа на секој почеток
Никој не може со сигурност да ја предвиди иднината на Вашето дете, но Вие уште сега можете да направите таа иднина да биде поубава и полесна.
Сега е вистинското време да си поставите неколку важни прашања, кои еден ден, секако ќе мора да се одговорат:
Зошто ФУТУРА?
Затоа што новата програма за животно осигурување на Вашето дете – ФУТУРА, може да биде одговор на било кое од горенаведените прашања. На Вашето најмило подарете му ФУТУРА полиса за животно осигурување, бидејќи, за разлика од останатите подароци, овој е единсвтениот подарок кој со истекот на времето ја зголемува својата вредност.
Кој сè може да биде договарач на осигурувањето?
Договарач на осигурувањето може да биде: родител, старател, поблиското или пошироко семејство, кум, пријател, како и сите останати заинтересирани лица. Полисата за осигурувањето може да се склучи од моментот на раѓање на детето па сè до навршено 13 години живот.
Во зависност од висината на акумулираните средства и изборот на осигуреникот, полисата ФУТУРА еден ден би можела да значи школување во странство, почеток на приватен бизнис, купување прв автомобил или основање семејство во сопствен дом. Кој и како може да вложува?
Вложувањето на финансиските средства може да биде еднократно, месечно, тромесечно, полугодишно и годишно сè до навршување на 18 години од животот на Вашето дете.
Кога Вашиот матурант ќе наврши 18 години и ќе биде доволно зрел за донесување на животни одлуки, ќе може да ги искористи парите кои претходните години сте ги вложувале во неговата иднина. UNIQA Life е во секој момент покрај Вашето дете
Доколку родителите, кои се договарачи на осигурувањето на детето, доживеат незгода во која би го загубиле животот, UNIQA Life превзема одговорност да ги доплати останатите премии на осигурувањето се до последната година, со цел да се обезбеди исплата на договорената осигурена сума.
|
|
![]() |
||
| ДОМА | МАПА НА САЈТОТ | КОНТАКТ | ИНПРЕСУМ | НОВОСТИ | ПРАВНО ИНФОРМАЦИ |
||
| © 2005 BY UNIQA GROUP AUSTRIA |