Живот Плус – Инвестиција & Добивка
Дополнителни можности

Во рамки на полисата за животно осигурување, Ви се нуди дополнителна можност да договорите и осигурување на лица од последици на несреќен случај – незгода, како и дневен надомест за болнички денови.

Со вклучување на овие опции во Вашата полиса ќе се обезбедите дека во случај на несреќен случај ќе имате доволно средства за да ги покриете евентуалните трошоци за лекување и престој во болница. На овој начин му се дава значителна финансиска сигурност и помош и на семејството при евентуален несреќен случај, траен инвалидитет или загуба на живот на осигуреникот.

Некои велат дека животот започнува со пензионирањето. Внимателно одлучете каде и како ќе ги вложите Вашите слободни средства и обезбедете си активни и исполнети пензионерски денови.


Инвестиција & Добивка

Инвестирањето во животно осигурување веќе подолго време е едно од најатрактивните вложувања во Европа и во светот, од причина што ги акумулирате вложените средства, а истовремено обезбедувате финансиска сигурност при евентуален несреќен случај, траен инвалидитет или загуба на живот.

За сигурна и удобна иднина, UNIQA Life Македонија креираше специјална програма на мешовито животно осигурување, која Ви нуди долгорочно штедење и безбедност за Вас и Вашeтo семејство.

Мешовитото животно осигурување претставува комбинација на осигурување во случај на доживување и осигурување во случај на загуба на живот на осигуреникот.


Зошто ЖИВОТ ПЛУС?

Со изборот на полисата ЖИВОТ ПЛУС која по своите карактеристики е единствена на нашиот пазар, можете да изберете премија која е најсоодветна на Вашите потреби и Вашите можности и финансиски ќе се обезбедите себеси и Вашите наследници.

Оваа полиса Ви овозможува на едноставен и флексибилен начин, со динамика на вложувања која најмногу Ви одговара, да создадете солиден капитал кој подоцна ќе можете да го користите како пензија или да го подигнете одеднаш зголемен за добивката.

Токму затоа полисата ЖИВОТ ПЛУС на UNIQA Life Македонија е најдобриот избор за Вас.


Кој и како може да се осигура?

Со полисата Живот Плус на UNIQA Life Македонија можат да се осигураат сите здрави лица на возраст од 15 до 55 години, а осигурувањето може да се договори во времетраење од 10 до 30 години.


Можности за уплата

Уплатата за полисата може да се врши на повеќе начини, и тоа:
  • Тромесечно, минимум 50 евра;
  • Полугодишно, минимум 100 евра;
  • Годишно, минимум 200 евра.

Начини за исплата

Осигурената премија зголемена за добивката може да биде подигната на следниве начини:
  • Еднократно – по истекот на осигурувањето осигуреникот ја добива осигурената сума зголемена за остварената добивкa;
  • Во вид на пензија определен број години – по избор на осигуреникот.


Брошура за Живот Плус – Инвестиција и Добивка


  ДОМА | МАПА НА САЈТОТ | КОНТАКТ | ИНПРЕСУМ | НОВОСТИ |
ПРАВНО ИНФОРМАЦИ
© 2005 BY UNIQA GROUP AUSTRIA