Комбинирано осигурување на моторни возила - КАСКО
Каско осигурување на моторни возила претставува осигурување на возилата кое овозможува покривање на штетите настанати на возилото независно од причината и виновникот.

Постојат неколку различни комбинации за Каско осигурување на Вашето возило.


Потполно Каско осигурување

Со потполното Каско осигурување Вие добивате комплетна финансиска сигурност при користењето на Вашето возило, со оглед дека ги опфаќа следните осигурени ризици:
  • сообраќајна незгода, како превртување, судар, удар, урнување и слично;
  • паѓање на предмет врз возилото или удар онекој предмет;
  • пожар;
  • ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство;
  • експлозија (освен експлозија од нуклеарна енергија);
  • бура, град, снежна лавина;
  • поплава, порој и високи води;
  • паѓање на воздушни летала;
  • манифестации и демонстрации;
  • злонамерни постапки на трети лица;
  • кражба, противправно одземање на возило и разбојништво.
Освен возилото, со потпоплното Каско осигурување може да се осигура и дополнителната опрема на возилото како радио систем, приклучни уреди, прибор, резервни делови, рекламни натписи.


Делумно Каско осигурување без вклучен ризик кражба

Делумното Каско осигурување без вклучен ризик кражба ги вклучува сите погоре наведени ризици освен ризикот од кражба, противправно одземање на возило и разбојништво.


Дополнителни предности

Каско без Ваше учество во штета (без Франшиза) – Имате можност да склучите Каско осигурување со или без франшиза, односно со или без Ваше учество во штета.
Бонус систем – Во случај на ненаправена штета во претходната година, се одобрува попуст за следната година во согласност со Бонус системот на компанијата. Попустот е скалест и се зголемува за секоја следна година на ненаправена штета.


Услови за комбинирано осигурување на моторни возила


  ДОМА | МАПА НА САЈТОТ | КОНТАКТ | ИНПРЕСУМ | НОВОСТИ |
ПРАВНО ИНФОРМАЦИ
© 2005 BY UNIQA GROUP AUSTRIA