Гаранција Плус
Продолжена гаранција за патнички и комерцијални возила до 21 месец старост


Единствена понуда во Македонија и регионот

Гаранција Плус претставува продолжена гаранција за возила и е единствена понуда од ваков вид во Република Македонија и пошироко. Гаранција Плус Ви дава сигурност од првиот ден на купување на Вашето ново возило.

Гаранција Плус е специјално создадена од страна на UNIQA Осигурување за да ги покрие потребите на корисниците за продолжување на фабричката гаранција на возилото со која вообичаено се покриени само првите 1 или 2 години. Со овој производ периодот на гаранција на Вашето возило ќе се продолжи и по истекот на фабричката гаранција за дополнителни 12 или 24 месеци.

Со Гаранција Плус се покриени дефекти на делови кај кои што настанува застој во функционирањето поради причини предизвикани надвор од нормалниот процес на абење/оштетување, меѓу кои: мотор, ребраст каиш, управувач, менувач, кочници, клима уред, електрика и т.н.


Придобивки и Поволности

Иако секое ново возило доаѓа со фабричка гаранција во времетраење од 1 или 2 години, праксата покажува дека првите посериозни дефекти кај возилата почнуваат да се случуваат од 3-та година на нивното користење.

Токму затоа главната придобивка од Гаранција Плус на UNIQA Осигурување е што ќе Ви овозможи да ибегнете високи и непланирани трошоци за поправки на Вашето возило во 3-та, 4-та и 5-тата година од негобото користење.

Дополнителна поволност на Гаранција Плус е што може да се склучи не само за нови возила, туку и за користени возила се’ до 21 месец старост, непосредно пред да започнат проблемите во нивното функционирање, односно пред да се зголеми обемот на трошоци за нивно одржување.


За кого е наменета

Гаранција Плус може да се склучи само за возила со македонски регистарски таблички и тоа за патнички и комерцијални возила со вкупна дозволена маса до 3,5 тони независно дали се купени во готово, на кредит или на лизинг.

ГАРАНЦИЈА ПЛУС Е ФОРМА НА ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕНАДЕЕН МЕХАНИЧКИ ИЛИ ЕЛЕКТРИЧЕН ДЕФЕКТ НА ВОЗИЛОТО ПО ИСТЕКОТ НА СТАНДАРДНАТА ГАРАНЦИЈА.


Обем на Продолжената Гаранција

Со Гаранција Плус покриени се неопределени делови од возилото и тоа од ненадеен механички или електричен дефект, како и работна рака за нивно поправање или заменување и тоа во овластен сервис.

Ова значи дека доколку кој било дел од возилото кој е покриен со оваа Гаранција покаже дефект во период на времетраење на Полисата, истиот ќе биде поправен или заменет.


Начин на користење

Доколку при користење на Вашето возило се соочите со каков било проблем, треба да ги направите следново:
  • Возилото треба да го одвезете до овластениот сервис и да ги информирате одговорните лица дека поседувате Гаранција Плус;
  • Да го опишете проблемот што подетално;
  • Да ја приложите својата Сервисна и Гаранциска книшка со потврдена (со печат) сервисна историја.
Нема ограничување на бројот и вредноста на поправките кои се изведуваат на возилото за време на гаранцискиот период, но возилото мора да биде сервисирано во овластен сервис во строга согласност со предвидените сервисни интервали.


Патување во странство

Гаранција Плус важи до 60 дена годишно (за секоја полиса), при патување во континентална Европа.

Кога поправките на Вашето возило се прават во странство, треба да побарате копија од налогот за поправката и сметка за потврдување на изведената работа (цените на деловите и работната рака) со впишана идентификација на возилото според бројот на шасијата, времето на изведување на поправката (дата и изминати километри на возилото).




  ДОМА | МАПА НА САЈТОТ | КОНТАКТ | ИНПРЕСУМ | НОВОСТИ |
ПРАВНО ИНФОРМАЦИ
© 2005 BY UNIQA GROUP AUSTRIA