| Приватно | Бизнис | Услуга | Компанија |
![]() |
|||||||
|
|||||||
Осигурување од Автоодговорност
Согласно Законот за осигурување потребно е еднаш годишно при регистрација на Вашето возило да склучите осигурување од Автоодговорност. Без ова осигурување не е можно да извршите регистрација на Вашето возило. Со ова осигурување ја осигурувате Вашата одговорност за надомест на материјални и нематеријални штети предизвикани на трети лица причинети со употреба на Вашето возило.
Осигурување од Автонезгода
Вообичаено ова осигурување се договара во пакет со осигурувањето од Автоодговорност. Притоа возачот и сопатниците се осигурани во случај на:
Делумно каско осигурување на стакла
При склучување на полиса за Автоодговорност може да се склучи и делумно Каско осигурување на стаклата на возилото.
Зелен Картон
При патување надвор од Република Македонија со сопствено возило, неопходно е за возилото да се обезбеди Зелен Картон, кое, всушност, е територијално проширување на Осигурувањето од Автоодговорност во сите европски земји членки на системот Зелен Картон.
Доколку осигуреникот на UNIQA Осигурување, со своето моторно возило и по своја вина направи штета во странство, истата ќе ја покрие нашата компанија. Во случај да не поседувате Зелен Картон ќе треба да платите гранично осигурување во сите земји низ кои минувате со Вашето возило што е многу поскапа опција, имајќи во предвид дека Зелениот Картон важи во сите земји кои го имаат прифатено системот на Зелен Картон. Гранично Осигурување
UNIQA Осигурување за сите странски возила кои не поседуваат Зелен Картон при влез во Република Македонија, нуди Гранично Осигурување на сите гранични премини во земјата.
|
|
![]() |
||
| ДОМА | МАПА НА САЈТОТ | КОНТАКТ | ИНПРЕСУМ | НОВОСТИ | ПРАВНО ИНФОРМАЦИ |
||
| © 2005 BY UNIQA GROUP AUSTRIA |