Осигурување од незгода (несреќен случај)
Животот е непредвидлив и колку и да внимавате може да Ви се случи незгода (несреќен случај), која неможеме ниту да ја предвидиме, ниту да ја спречиме. Со полисата за осигурување од незгода од UNIQA Осигурување ќе ги ублажите економските последици во случај да настане некој осигуран ризик на работното место, дома, при патување и слично. Оваа осигурителна полиса нема временска и географска ограниченост.

Со ова осигурување можат да се осигураат лица на возраст од 14 до 75 години. Лицата пак кои се помлади од 14 или постари од 75 години можат исто така да бидат осигурени, но по посебни или дополнителни услови.

Со полисата за осигурување од незгода опфатени се следниве видови ризици:
  • смрт од последици на незгода (несреќен случај);
  • траен инвалидитет од последици на незгода (несреќен случај);
  • преодна неспособност за работа (дневен надомест) од последици на незгода (несреќен случај);
  • трошоци за лекување од последици на незгода (несреќен случај).
UNIQA Осигурување Ви овозможува индивидуални и колективни осигурување од незгода, и тоа:
  • oсигурување деца;
  • oсигурување членови на домаќинство;
  • oсигурување ученици и студенти;
  • oсигурување спортисти, возачи, летачи, нуркачи, планинари, културно итн.;
  • осигурување лица со посебни овластувања и одговорности (менаџери).




  ДОМА | МАПА НА САЈТОТ | КОНТАКТ | ИНПРЕСУМ | НОВОСТИ |
ПРАВНО ИНФОРМАЦИ
© 2005 BY UNIQA GROUP AUSTRIA