Патничко Осигурување – Патување & Одмор
Патничко здравствено осигурување во странство

Имајте убаво чувство кога се подготвувате за патување на одмор, шопинг, посета на некој близок или, пак, за студиски или деловен престој во странство, а уште поубаво кога ќе го реализирате тоа патување.

Евентуална потреба од лекарска помош поради ненадејна болест или незгода може да Ви ги наруши најубавите моменти додека сте на патување или престој во странство. Ние од UNIQA Осигурување, со програмата за Патничко здравствено осигурување настојуваме да Ви помогнеме во надминувањето на непријатностите што можат да се случат за време на патувањата или престојот во странство.

Полисата на Патничко здравствено осигурување во странство на UNIQA Осигурување, ги покрива трошоците за непредвидена лекарска интервенција во странска здравствена институција, поради болест или незгода што би настанале додека патувате или престојувате во странство.

Кога патувате службено или приватно, кога патувате сами, со семејството или во група, кога патувате низ Европа или подалеку, не заборавајте ја полисата за Патничко здравствено осигурување од UNIQA Осигурување!

Бидете целосно подготвени за патување. Избегнете ги трошоците за:
  • Итен медицински третман за време на патување или престој во странство;
  • Лекови, рентгенски или ултразвучни прегледи;
  • Итен медицински превоз и хоспитализација;
  • Трошоци за репатријација на децата во домашната земја;
  • Трошоци за репатријација на болните во домашната земја.
Со полисата на Патничкото осигурување обезбедете и:
  • Надоместок во случај на траен инвалидитет поради незгода во странство.

Во полисата на Патничко осигурување во странство, UNIQA одобрува:
  • Итен медицински третман за време на патување или престој во странство;
  • Лекови, рентгенски или ултразвучни прегледи;
  • Итен медицински превоз и хоспитализација;
  • Трошоци за репатријација на децата во домашната земја;
  • Трошоци за репатријација на болните во домашната земја.

UNIQA Осигурување Ви одобрува попуст и за други видови осигурување доколку веќе имате полиса за Патничко здравствено осигурување, при патување за Вас и членовите на Вашето семејство.



24 часа поддршка


UNIQA Ви овозможува 24 часа поддршка преку мрежата на CORIS:
  • CORIS нуди 24 часа поддршка;
  • Податоците за CORIS ги имате во самата полиса.
Проверете зошто над 7 милиони клиенти ширум Европа ни ја имаат подарено својата доверба!



Упатство за користење на правата од полисата


Доколку Ви се случи осигуран случај, потребно е:
  • Да ја приложите полисата во медицинската институција;
  • Да се јавите во CORIS или UNIQA а.д. Скопје;
  • Да ги дадете своите лични податоци;
  • Да ги сочувате сите оригинални лекарски документи;
  • Да ги сочувате сите оригинални сметки за платени медицински услуги и
  • Да постапите според дадените инструкции.
По враќање во земјата, треба:
  • Да се јавите во UNIQA Осигурување, и
  • Да ја комплетирате доказната документација која треба да се приложи кон барање за надомест на штета.


ПОКЛОН – Осигурување на стан


Нашиот имот е изложен на различни непредвидени случувања, кои често доведуваат до негово делумно или целосно оштетување. Кога сме подолго време отсутни, тешко е да се предвидат штетите на имотот и уште потешко да се спречат. Затоа најсигурен начин да се справите со несаканите штетни последици е да го осигурате Вашиот имот.

Со UNIQA меѓународното здравствено осигурување при патување Ви поклонуваме осигурување на станот или куќата до 100м2 за време на Вашиот престој надвор од земјата, се со цел Вашиот туристички или деловен престој во странство да го поминете безгрижно.

Патувајте, за станот не грижете се!

Брошура за Патување & Одмор


  ДОМА | МАПА НА САЈТОТ | КОНТАКТ | ИНПРЕСУМ | НОВОСТИ |
ПРАВНО ИНФОРМАЦИ
© 2005 BY UNIQA GROUP AUSTRIA