Домаќинско Осигурување – Дом Плус
Осигурување на станови, куќи и членови на семејство


Вашиот дом е Вашата сигурност и слобода!

Целиот живот планирате како да изгледа Вашиот дом. Многу труд, време и пари вложивте во изградбата и опремувањето на домот со што го остваривте Вашиот сон и создадовте трајна вредност за Вас и за идните генерации.

Вашиот дом е одраз на Вашата личност, бидејќи е уреден и опремен токму онака како што сте го замислиле и посакувале. Сега е потребно да размислите како да го заштитите и сочувате од несакани влијанија.

Безгрижен и среќен живот е желба на сите луѓе. Но несреќи се случуваат и нив никој не може да ги предвиди или спречи. Тие се случуваат секојдневно и неочекувано. Можеме само да ги отстраниме или ублажиме економските последици со навремено планирање на нашата иднина.


Полиса прилагодена на Вашите потреби

Осигурувањето на семејната куќа или стан, предметите во домаќинството и членовите на семејството, претставува единствена комбинација за заштита од ризици, при што пакетот ДОМ ПЛУС може да се прилагоди на индивидуалните потреби на Вашето семејство, како и на специфичностите на Вашиот дом, условите и начинот на живот.


Осигурување на вистинските вредности

Полисата ДОМ ПЛУС вклучува осигурување на:
  • опремени и неопремени стамбени објекти, помошни простории и гаражи,
  • предмети во домаќинството,
  • уметнички предмети и антиквитети,
  • предмети во подрум и гаража, и
  • членовите на семејството.
Одберете пакет кој најдобро одговара на Вашите потреби и можности, и тоа: СТАНДАРД, РЕЛАКС или ЕКСКЛУЗИВ.

Осигурани ризици ДОМ ПЛУС
Стандард Релакс Ексклузив
Основни ризици на градежен објект и опрема
Нова вредност на градежен објект НОВО
Земјотрес
Поплава од инсталации  
Одговорност кон трети лица од осигуран објект  
Провална кражба  
Кршење стакло  
Кршење на инсталации НОВО  
Поплава, порој и високи води  
Незгоди за членови на домаќинство НОВО    
Приватна одговорност кон трети лица НОВО    
24-часовна асистенција НОВО    


24 часа асистенција

UNIQA Осигурување Ви нуди уникатна можност за 24-часовна асистенција во Вашиот стан или куќа.

Имено, во случај да настапи некој осигуран ризик во било кое време од денот или ноќта, 7 дена во неделата, 365 дена во годината, имате можност да побарате брза интервенција преку Системот за 24-часовна асистенција на UNIQA а.д. Скопје. Трошоците за услугата и поправката ќе бидат покриени од страна на осигурителната компанија, во согласност со условите утврдени во полисата.


Обем на покритие

Осигурување на станови или куќи и предмети во домаќинството:

Надоместокот на штети на градежни објекти се исплаќа без одбивање за амортизација (осигурувањето е потпишано на нова вредност);
Осигурување на инсталации (во случај на пукање на водоводни цевки во ѕидот, се надоместуваат трошоците за замена);
Можност за осигурување на антиквитети, уметнички предмети и разни збирки со колекционерска вредност;
Договарање на осигурување со неодреден рок на траење со попуст;
Брзо и квалитетно решавање на оштетните побарувања;
Одобрување на бонус во зависност од тоа дали во претходната година е извршен надомест за настаната штета.


Осигурување на членовите на домаќинството:

Осигурување на сите членови на домаќинството од незгода;
Осигурување на сите членови од приватна одговорност.



Брошура за Дом Плус


  ДОМА | МАПА НА САЈТОТ | КОНТАКТ | ИНПРЕСУМ | НОВОСТИ |
ПРАВНО ИНФОРМАЦИ
© 2005 BY UNIQA GROUP AUSTRIA