Каско осигурување на моторни возила претставува осигурување на возилата кое овозможува покривање на штетите на сопственото возило независно од причината и виновникот.
UNIQA за своите клиенти кои ќе ги осигураат своите патнички возила или деловниот возен парк со КАСКО осигурување
нуди високо квалитетни уреди за ГПС лоцирање од фирмата Enfora, каде сервисот и надградбата се
вклучени во месечното одржување.
КАСКО Плус придонесува кон намалувањето на трошоците за гориво, сервис и осигурување на вашето
возило или возниот парк на вашата компанија.
Претпријатијата кои ќе го вградат UNIQA ГПС системот ќе имаат опции за зголемена контрола врз возниот парк, подобрување на продуктивноста и работната дисциплина, и спречување на неавторизирано користење на
возилата од Вашата компанија
Ве молиме пополнете ги бараните полиња, а ние ќе ја пресметаме премијата на полисата и ќе Ви доставиме понуда во најкраток рок.