Колективно осигурување од несреќен случај - незгода; вработени/ученици


Исплатата на осигурената сума по основ на траен инвалидитет се врши врз основа на договорот за осигурување  и условите за осигурување од несреќен случај-незгода наведени во договорот за осигурување.

ЛИСТА НА ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ОБРАБОТКА ШТЕТИ ОД КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ – НЕЗГОДА

1.КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА- ВРАБОТЕНИ/УЧЕНИЦИ (Барање за траен инвалидитет)

  • Пополнета Пријава/образец на УНИКА, со точна адреса и тел.број (преземи формулар)
  • Изјава за согласност за обработка на лични податоци
  • Фотокопија од полиса и /Потврда за редовен работен однос со точен датум на стапување или Потврда за редовен ученик
  • Полициски записник во копија - Доколку несреќниот случај-незгода е настанат при сообраќајна незгода
  • Комплетна медицинска документација од денот на повредата и контролните прегледи и РТГ /КТ снимки доколку има скршеници/трауми
  • Сметкопотврди за лекување во оригинал
  • Боледувања
  • Трансакциска сметка од осигуреникот/родителот

2.КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА-ВРАБОТЕНИ/УЧЕНИЦИ (Барање за СМРТ ОД БОЛЕСТ или НЕЗГОДА)

  • Пополнета Пријава/образец на УНИКА, со точна адреса и тел.број (преземи формулар)
  • Изјава за согласност за обработка на лични податоци
  • Извод од матична книга на родените од барателите / наследниците  во оригинал  или фотокопија заверена на нотар ( не постар од 6 месеци )
  • Извод од матична книга на умрени  ( не постар од 6 месеци ) во оригинал или фотокопија заверена на нотар
  • извод од матична книга на венчани доколку починатото лице било во брак (не постар од 6 месеци) и  доколку постои таква заедница, а ако не постои, Изјава дадена од страна на наследникот дека нема други законски наследници во согласност со член 16 од Општите услови )
  • Изјава дадена на нотар од страна на сопругот/сопругата на починатото лице дека нема други законски наследници (како што се вонбрачни деца од претходен брак и сл.) или Решение од оставинска постапка 
  • Потврда за смрт од болница, медицинска документација, односно Историја  на болеста за починатиот ( фотокопија )
  • КомплетенПолициски записник со сите прилози / Службена белешка ( доколку станува збор за смрт од несреќен случај, осигурувачот го задржува правото да побара резултати од извршено алкотестирање, Решение од ОЈО и сл.  )
  • Фотокопија од полиса и /Потврда за редовен работен однос со точен датум на стапување или Потврда за редовен ученик
  • Трансакциска сметка

 

Напомена:  УНИКА АД Скопје го задржува правото да бара дополнителни објаснувања и дополнителна документација од оштетениот и надлежните органи и инстутуции, а со цел да се утврдат важните околности во врска со пријавената штета, кој не можат да се утврдат од доставената документација.

По прибавување на потребната доказна документација и по добивање на лекарскиот извештај од стручниот соработник-цензор , се смета дека документацијата е комплетна, по што се пристапува кон утврдување на основот на висината на осигурената сума. Висината на обврската се утврдува врз основа висината на осигурената сума  и/или договореното покритие за дополнителното осигурување, извештајот од лекарот и расположливата доказна документација. 

 

Имате прашање?

Контакт центар

info@uniqa.mk  Контакт

ОСТАНАТИ ПРИЈАВИ НА ШТЕТИ
Информации за колачињата
Оваа страница користи колачиња. Овие се користат за да се обезбеди функционалност на оваа веб-страница и да се анализира употребата на веб-страницата. Повеќе информации можете да најдете во нашата политика за приватност
Преференции за колачиња