UNIQA Insurance Group е една од водечките осигурителни групации на пазарите во Австрија, Централна и Источна Европа. 22,000 вработени и партнерите опслужуваат 9 милиони коминтенти во 19 држави.
Капиталот со кој управува компанијата изнесува 24,2 милијарди Евра. Поради тоа UNIQA Versicherungen AG е рангирана во највисокиот сегмент на Виенската берза на хартии од вредност, таканаречениот примарен пазар. Веќе со години агенцијата Standard & Poor’s ја оценува UNIQA со стабилен „А“ рејтинг.
Во UNIQA и Raiffeisen Insurance, поседуваме два силни брендови кои ни овозможуваат многу добра основа за нашиот понатамошен развој.
UNIQA оперира во 16 земји во Централна и Источна Европа: Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Чешка Република, Украина и Унгарија. Осигурителните компании во Италија, Швајцарија и Лихтеншајн се исто така членови на UNIQA Групацијата.
Aктуелните и потенцијалните клиенти можат да сметаат на највисок квалитет во осигурувањето, највисока безбедност и нови фондови што само големи и реномирани
меѓународни компании како UNIQA можат да ги понудат.
Мисијата на UNIQA
Блискоста со нашите клиенти е појдовна точка на нашиот бизнис. Ние сме фокусирани на нашиот суштински бизнис на овозможување на безбедност. Ние се зафаќаме со потребите на нашите клиенти и создаваме решенија скроени за нив. Ова е возможно само преку личен контакт, лице в лице и на локално ниво.
Оваа посветеност оди во прилог како на клиентите, така и за нас.
Создаваме врска помеѓу луѓето и УНИКА - секојдневните ризици ги менуваат животните текови, кои осигурени преку продуктите на УНИКА ги прават „промените во животот“ позитивни.
Стратегијата на UNIQA се состои од следниве пет клучни појдовни точки:
Систем за пријавување на можни незаконски дејствија која им дава можност на нашите вработени, клиенти, деловни партнери и други засегнати страни да не информираат за сериозни прекршувања на законските одредби и / или регулативи, и да ни помогнат во откривање на таквите случаи. Овде можете да го најдете линкот до оваа алатка за известување.
Во оваа алатка за известување, можете да пријавите сомневање за прекршоци како на пр. злоупотреба на пазарот, внатрешни договори, пазарна манипулација, мито и корупција, перење на пари и останати деловни криминали (на пр. проневера, измама) и останати прекршоци. Останати работи како мобинг, незадоволство од плата, кражба на работно место итн. не треба да се пријавуваат на овој линк. Компанијата обезбедува други процедури и канали за известување за тие прашања.