• Дома
  • »
  • ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ


Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата, и/или при on-line купување на полисите за осигурување на нашата интернет страница http://www.uniqa.mk. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на клиентите претставува врвен приоритет на УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАЈФ АД Скопје.

Како членки на Групацијата УНИКА Иншуренс Груп, УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАФ АД Скопје посветуваат особено внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси преку имплементација на стандардите утврдени со законските и подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и стандардите кои се утврдени во рамките на Групацијата .

Кои информации ги собираме?

При посетата на страницата, Друштвото ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контакт информации), само доколку доброволно со Ваша согласност ги дадете со цел користење на нашите услуги и производи.

Друштвото ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб сајтот за on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата, преку кои се врши лична идентификација на клиентот.

Друштвото ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб сајтот со цел за изготвување на понуди за осигурување .

Оваа политика се однесува на начинот на кој Друштвото ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб сајтот при посетата како и on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата.

Цели за кои се користат собраните лични податоци

  • Да ја обезбедиме бараната услуга, при што се идентификува корисникот;
  • Да обезбедиме известување за промена на условите и тарифите, воведување на нов вид продукти за клиентите;
  • Да се обезбеди мислење од клиентите во врска со видовите на осигурување кои ги нуди Друштвото и евентуално за спроведување на анкети, преку поставени прашања до клиентите;
  • Да се олеснат и проследат пребарувањата на клиентите и барањата за информации при јавување од страна на клиентите во врска со видовите на осигурување;
  • Реализација на наградни игри и други промотивни понуди;
  • Да се разгледа можноста за евентуални вработувања доколку клиентите се обратат или аплицираат за работа преку веб-страницата на Друштвото;
  • Помош при појава на проблем при користењето на производите и услугите,
  • Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на интересите на клиентите, врз основа на нивна изречна согласност .

Во случај на електронско плаќање за on line полиса за осигурување, Друштвото нема пристап до податоците во врска со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие директно се испраќаат до платежниот процесор на банката преку сигурносна врска помеѓу клиентот и банката, која собирањето, чувањето и обработката на личните податоци на клиентите ја врши согласно законските прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија и своите интерни акти со тоа што личните податоци на клиентите не ги задржува, споделува чува или користи за други цели освен за наплата на осигурената премија. Личните податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која истите се собрани. Обработката на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша предходна согласност.

Споделување на Вашите лични податоци со други физички и правни лица, органи на државна власт или други тела

Сите вработени во УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАЈФ АД Скопје се обучени да обезбедат целосна заштита и тајност при ракување и обработка на Вашите лични податоци. Вашите лични податоци нема да бидат споделувани со други физички и правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во со закон утврдени случаи.

Заштита и сигурност

УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАЈФ АД Скопје ги превземаaт сите технички и организациски мерки за обезбедување на највисоко ниво на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спечување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на истите.

Сигурносните процедури на УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАЈФ АД Скопје се предмет на редовни контроли.

Промена на Политиката за приватност

УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАЈФ АД Скопје го задржуваат правото да вршат измени и дополнувања на оваа Политика за приватност, за кои измени и дополнувања ќе биде оставено извесување на нашиот сајт http://winner.mk

Што се случува доколку не можеме да ги собереме Вашите лични податоци?

Доколку не ги добиеме сите податоци кои ни се потребни за Вас, можеби нема да бидеме во можност да Ви ги обезбедиме бараните услуги и/или информации.

Прифаќање на условите

Со користењето на интернет страницата на УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАЈФ АД Скопје Вие како корисници се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет страницата. Континуираното користење на интернет страницата од Ваша страна следејќи ги измените и дополнувањата на оваа Политика за приватност се смета за Ваше прифаќање на истите.

Вашите права

Како корисник на нашата интернет страница, имате право врз основа на писмено барање упатено на надреса Бул.Илинден бр.1 , Скопје или барање преку електронската адреса:info@uniqa.mk и/или uniqalifeinfo@uniqa.mk , да :

  • бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на нивната обработка и/или
  • да пристапите до Вашите лични податоци и
  • да ги дополните, измените, избришете, да побарате ограничување на обработката или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка
  • да побарате пренос на податоците , да поднесете приговор против обработката на личните податоци
  • бидете информирани за личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци
  • бидете информирани за логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз субјектот на лични податоци

Контакт

Доколку имате прашања или предлози од областа на заштитата на личните подаотци, можете да не контактирате на следниот начин :

  • За УНИКА АД Скопје – info@uniqa.mk ,или да контактирате со офицерот за заштита на личните податоци на Друштвото Александар Крстески на телефон +3892 32 88887 или на маил aleksandar.krsteski@uniqa.mk
  • За УНИКА ЛАЈФ АД Скопје – uniqalifeinfo@uniqa.mk , или да контактирате со офицерот за заштита на личните податоци на Друштвото Емил Кратовалиев на телефон +3892 3288822 или на маил emil.kratovaliev@uniqa.mk

Електронската адреса од која ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и целата содржина на Вашите барања или предлози, нема да бидат користени за ниту една друга цел освен за одговориме на Вашето барање, прашање односно предлог упатен до нас.

 

K олачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

“Cookies” му помага на Друштвото во следење на Вашите потреби и навики, што ни овозможува да ја подобруваме понудата и услугата кон нашите корисници. Доколку не сакате да добивате колачиња од веб страната на Друштвото или од било кој друг сајт, можете да ги наместите поставките на Вашиот пребарувач да Ве известува секогаш кога ќе примите колаче и на тој начин ќе имате можност да одлучите дали ќе го прифатите или не.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

1. За техничко функционирање на веб страницата како неопходни колачиња односно кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАЈФ АД Скопје сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

2. За собирање на збирни и анонимни статистички податоци односно опционални колачиња. Тоа подразбира дека кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на колачињата за статистика не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.

Почитувани клиенти Ви благодариме за посетата на нашата интернет страница.

Имате прашање?

Контакт центар

info@uniqa.mk  Контакт

Информации за колачињата
Оваа страница користи колачиња. Овие се користат за да се обезбеди функционалност на оваа веб-страница и да се анализира употребата на веб-страницата. Повеќе информации можете да најдете во нашата политика за приватност
Преференции за колачиња